Денес со почеток во 18:15часот македонската репрезентација го игра петтиот натпревар на ЕП во Полска.Противник на Македонија е репрезентацијата на Норвешка која е се поблиску до полуфиналето. За заверка на патот во полуфинале, на норвешката репрезентација вечерва и стои токму Македонија. Во пресрет на овој дуел, искусниот норвешки репрезентативец Мамелунд го истакна следното:
,,Македонија не е лесен противник. Го имаат Кирил Лазаров и имаат одлични играчи на линијата. Тоа ќе биде тежок натпревар. Но, ова е важен натпревар за нас, подготвени сме и сакаме да победиме“
За потсетување, Норвешка е на делба на првата позиција заедно со репрезентацијата на Франција, а додека Македонија се наоѓа на предпоследното место во групата со 0 бодови.