Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков во пресрет на првиот натпревар на ЕП во Шведска, Австрија и Норвешка против репрезентацијата на Украина, укажува на тоа дека репрезентацијата на Украина иако е аутсајдер, треба да се внимава и да не се потценат.
„Како и секоја година и сега сме тука. Драго ми е што повторно играме на едно Европско првенство. Украина ни е прв противник на овој шампионат и е добро познат ривал. Игравме и во претходните квалификации против нив. Ростерот е сличен од тие два натпревари. Нема некои поголеми изненадувања. Квалитетот е на наша страна и нема сомнеж. Не смееме да ги потцениме. Денеска секој игра ракомет“, изјави Манасков за 24Ракомет.
Натпреварот започнува од 20:30 часот, со директен пренос на ТВ Телма.