Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков одигра одличен натпревар во дресот на Веспрем, во кој загубија од Пик Сегед со 32:28 на отворањето од финалната серија во унгарскиот плејоф.
Манасков беше прв стрелец на Веспрем со 6 постигнати погодоци, веднаш зад него беа Гајиќ и Илиќ со по 4 постигнати погодоци.