Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков ја имаше несреќата да излезе како трагичар од натпреварот на кој Македонија од речиси добиена ситуација во последната секунда доби шанса да се избори барем за бод, но сепак нашето крило не успеа да го совлада феноменалниот Мрква.
Манасков беше видно разочаран по крајот на мечот, јасно ставајќи до знаење дека натреварот го загубиле претходно со слабата игра во одбраната, а не со неговото промашување во последната секунда.
„Тоа е тоа. Сами сме си криви, испуштивме се што беше во наша корист на овој натпревар. Вината е кај нас, промашивме многу, не бевме доволно агресивни при нивните полуконтри. Примавме лесно голови, а не дававме на спротивната страна и тоа на крајот се одрази на резултатот. Пеналот не промени ништо, претходно го загубивме натпреварот“ – изјави Манасков.