Репрезентацијата на Македонија, вечерва со почеток во 20 часот во СРЦ ,,Кале“ ќе се сретне со репрезентацијата на Словенија во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Шведска при крајот на оваа година. Во првиот меѓусебен дуел помеѓу овие две репрезентации, репрезентацијата на Словенија забележа висока победа 35:17.
Во пресрет на вечерашниот натпревар, МакРакомет поразговара со пивотот Марија Николиќ која за нашиот сајт го изјави следното:
,, Репрезентацијата на Словенија има навистина добар тим, но ние не се предаваме пред време. За оној натпревар во Словенија можам да кажам дека беше лош меч за нас, одигравме лошо со многу грешки. На денешниот натпревар ќе се потрудиме да го поправиме впечатокот.“ – истакна Николиќ.