Марко Кизиќ одбрана на колото во ЛШ

Вчера ракометарите на Вардар им се вратија на победите во Лигата на шампионите, совладувајќи ја незгодната екипа на Мешков Брест.

Најголем впечаток остави младиот голман Марко Кизиќ, кој одигра важна улога во победата на „црвено-црните“. Влезе во 50-тата минута и со серија од 4 одбрани по ред, ги откажа ракометарите на Брест за некаков пресврт на натпреварот.

Имаше блескава двојна одбрана, кој сосема заслужено се најде на првото место во Топ 5 одбраните на 6-тото коло во Лигата на шампионите.

Најдобрите пет одбрани може да ги видите на следниот ЛИНК.

Фото: Екипа.мк