Екипата на Металург 2 го задржа суперлигашкиот статус, откако вчера во бараж натпреварот убедливо ја победи екипата на Преспа со резултат 31:24. Вториот тим на Металург ќе дојде на местото на Макс Струмица која за жал, поради финансиски проблеми згасна.
Најефикасни на натпреварот кај Металург, беа Димитриоски со 12 и Танкоски со 7 постигнати погодоци, додека кај екипата на Преспа, најефикасен беше Јошевски со 6 постигнати погодоци.
Новиот тренер на оваа млада екипа, Александар Петревски задоволен од својот прв натпревар изјави:
„Честитки до момците. Колку што можев пробав да им ја пренесам мотивацијата и знаењето и сметам дека успеав во тоа, иако со нив сум краток период. Организаторот навистина се потруди да направи двете екипи да се чуствуваат удобно во Прилеп. Секако и пофалба за квалитетниот настап на ракометарите на Преспа, кои иако доведоа свои фанови, на крајот не успеаа да влезат во елитата”
МакРакомет им честита на младите ракометари и им пожелува многу успех во новата сезона!