По лошото гостување во Унгарија и високот пораз од Веспрем, вечерва македонскиот вицепрвак Металург го одигра првиот натпревар на домашен терен во рамките од СЕХА лигата против фаворитот ППД Загреб, кој со совладаа со 25:22. Иако ракометарите на Металург беа аутсајдети пред стартот на натпреварот, младите ракометари прикажаа една одлична игра и го изненадија хрватскиот тим, кој без неколку клучни играчи не успеа да дојде до посакуваната победа, која им беше од големо значење во борбата со Целје и Мешков Брест за Ф4 турнирот.
Металург лошо го отвори натпреварот, дозволи на хрватите да направат на самиот старт солидна предност од четири погодоци (3:7). По црвениот картон на Пешевски во 18-та минута, играта на Металург се стабилизира и полека но сигурно ја намалуваше предноста, благодарение на расположениот на голот Томовски и разновидноста во нападот на Обрадовиќ, Нелоски и Кузмановски. За на полувреме го изедначат резултатот на 10:10.
За разлика од првото, ракометарите на Металург го започнаа одлично второто полувреме и за кратко време го свртеа резултатот во своја полза, поведоа со 14:11. Што беше знак за тајмаут на Ивандија, кој не донесе резултат. металург продолжи со добрата игра во нападот, а на голот Томовски повторно фати неколку топки, по што во 45-та минута на семафорот резултатот беше 19:14. Потоа само рутинирано „плаво-белите“ ја зачувуваа предноста до самиот крај и издвојуваа голема победа над хрватскиот шампион ППД Загреб со конечни 25:22
Најефикасни на натпреварот беа Кузмановски и Обрадовиќ со по 5 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Мандалиниќ со 7 постигнати погодоци. На голот денеска беше расположениот Томовски, кој натпреварот го заврши со 15 одбрани.