Македонскиот ракометен вицепрвак Металург денеска го игра третиот натпревар од групата Ц од Лигата на шампионите. „Плаво-белите“ гостуваат во Русија кај екипата на Чеховски Медведи. Екипа која во првите две кола од групата, одиграа нерешено на двата натпревари (идентични 28:28) против екипите на Ла Риоха и Елверум.

По лошото издание на ракометарите на Металург и поразот од Татран Прешов, денес младите момци ќе пробаат да го поправат впечатокот што го оставија на гостувањето во Словачка и одново да се вратат во победнички ритам.

„На тој натпревар во Прешов нашта екипа покажа две лица, едното добро другото лошо. И после тој меч извлековме една поука дека со таква игра не може да се победи ниедна екипа во Лигата на шампионите. Се надевам дека тоа нема да ни се повтори“
– изјави Филип Талески.

Натпреварот започнува од 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.