Металург повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите, откако денес точно на пладне ЕХФ го објави комплетниот список со екипите кои ќе бидат дел од најпрестижното натпреварување во новата сезона. Покрај македонскиот првак РК Вардар, втор преставник од нашата земја ќе бидат „плаво-белите“.
Повторно, Металург ќе биде дел од групите Ц и Д, каде покрај македонскиот вицешампион ќе се најдат уште и екипите на:
  • Бешикташ (Турција)
  • Динамо Букурешт (Романија)
  • Мотор (Украина)
  • Чеховски медведи (Русија)
  • Елверум (Норвешка)
  • Холтесбро (Данска)
  • Нант (Франција)
  • Монпелје (Франција)
  • Ла Риоха (Шпанија)
*Во овие групи ќе влезат уште две екипи кои своето место во ЛШ ќе обезбедат преку квалификации.
Вардар ќе биде дел од таканареченото елитно друштво, во групите А и Б, каде покрај „црно-црвените“ се наоѓаат уште екипите на:
  • Веспрем (Унгарија)
  • Пик Сегед (Унгарија)
  • Кијелце (Полска)
  • Висла Плоцк (Полска)
  • Мешков Брест (Белорусија)
  • Кил (Германија)
  • Флензбург (Германија)
  • Некар Левен (Германија)
  • Кристијанштад (Шведска)
  • Силкеборг (Данска)
  • Барселона (Шпанија)
  • ПСЖ (Франција)
  • Кадетен Шафхаузен (Швајцарија)
  • Целје (Словенија)
  • Загреб (Хрватска)
*Ждрепката за извлекување на групите ќе се одржи на 1 јули.