Денес и утре ќе се одиграат двата одложени натпревари од ВИП машката Супер лига помеѓу екипите на РК Работнички – РК Металург и РК Тинекс Пролет – РК Пелистер.
Најнапред денес со почеток во 17:45 ќе се одигра првиот натпревар од одложеното 11-то коло во кое ќе се сретнат екипите на РК Работнички и РК Металург. Домаќин на овој натпревар е Работнички. Екипата на Металург во моментов е на првото место на табелата со ниту еден пораз, а додека екипата на Работнички падна на 4-тата позиција заради неколкуте неочекувани порази. Овој натпревар ќе се одигра во спортската сала „Форца“ со почеток во 17:45 часот.
Вториот натпревар од ова одложено 11-то коло за овие екипи, ќе се одигра утре, а ќе се сретнат екипите на РК Тинекс Пролет и РК Пелистер. Натпреварот започнува во 19 часот, а ќе се одигра во спортската сала „Македонско Сонце“, на кој домаќин е Тинекс Пролет. Во моментов и двете екипи се на делба на 7-то место, но екипата на Пелистер е во блага предност заради подобрата гол разлика.
Како сите така и овој натпревар можете да го проследите во живо на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.