Екипата на Металург денеска од 18:00 часот му гостува на унгарскиот шампиони, Веспрем во рамките од 18-то коло во регионалната СЕХА лига. Прв натпревар за „плаво-белите“ по зимската пауза, во кој ќе пробаат да му се спротистават на силниот Веспрем.
„По долгата пауза за СП во Франција, Металург им се враќа на обврските во СЕХА лигата. Наш прв противник во новата година е екипата на Веспрем која е еден од најсилните тимови во Европа и апсолутен фаворит на претстојната средба. Веспрем е екипа која има одлични ракометари на секоја позиција и игра извонреден ракомет на кој тешко може да му се парира. Сепак, ние ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил на игра. Се надевам дека ќе имаме малку технички грешки и дека одбраната и нападот ќе имаат свој ден“ – изјави тренерот Лино Червар.
Младите ракометари на Металург оптеретени од притисокот, можат само да го дадат својот максимум и одиграат на едно добро ниво, со кое ќе им се зголеми искуството, кое неминовно им е потребно за понатака.
Металург презими на 8-ти место на табелата (10 бода – 3 победи, 9 порази и 1 нерешен резултат). Додека Веспрем е на 2-то место зад Вардар (35 бода – 11 победи, 2 порази и 2 нерешени средби)