Ракометарите на Металург убедливо поразени од Шафхаузен се враќаат во Скопје, со што целосно ги загубија и теоретските шанси за понатамошен пласман во Лигата на шампионите. Натпревар во кој „плаво-белите“ одиграа само едно полувреме, натпревар со многу технички грешки, со што уште еднаш покажаа дека со овој Металург треба уште многу да се работи за подобра иднина.
Лошо го започнаа првото полувреме, згрчени во одбраната и несигурни во нападот, со што резултираше со минимално водство од 3:1 по првите 5 минути од натпреварот. До 15-та минута се играше со падови кај двете екипи, со наизменични серии од 3-4 погодоци, за последната серија на Металург од 4:0 во 20-та минута ги доведе до водство од 5:9. И кога сите помисливме дека конечно „плаво-белите“ ќе одиграат еден натпревар на едно високо ниво и дека конечно ќе стигнат до победа, ракометарите на Металург го покажаа спротивното. Потфрлија во одбраната, која им беше единствената светла точка на натпреварот, нападот повторно без идеја, со што Шафхаузен успеа до крај на првото полувреме да го изедначи резултатот на 10:10, а да не поведе, благодарение на 9-те одбрани на Дупјачанец.
Во второто полувреме ракометарите на Металург не одиграа ништо поразлично, слабо во одбраната и со многу технички грешки во нападот. Со што за брзо време ракометарите на Шафхаузен го превзедоа водството и веќе во 45-та минута имаа солидно водство од 6 погодоци, 21:15. По, што потоа само рутински го завршија натпреварот, зголемувајќи го своето водство, за убедлива победа со конечни 27:17.
Најефикасни на натпреварот беа Божовиќ со 4 и Шпилер со 3 погодоци. Металург во следното коло ќе го игра последниот домашен меч во ЛШ сезонава, против данскиот Скјерн, по што избраниците на Червар целосно ќе се насочат на настапите на македонската ракометна сцена.