Македонскиот вицешампион Металург денес од 17:00 часот ќе има нова шанса за освојување на први бодови во рамките од СЕХА лигата, против белорускиот шампион, екипата на Мешков Брест.
Против екипа, која оваа сезона важи за еден од конкурентите за борбата за завршниот Ф4 турнир во СЕХА лигата. Екипа која е одличен пример и вистинска подготовка за „плаво-белите“ пред стартот на Лигата на шампионите. Според ростерот екипата на Мешков Брест е типичен пример за квалитетот и јачината на кункурентите на Металург во својата група во Лигата на шампионите (Чеховски Медведи, Риоха, Монпелје, Елверу, Татран Прешов). Екипа која на првиот свој натпревар, го изненади РК Вардар, каде одигра реми во Скопје, а во вториот убедливо ја совлада екипата на Извиѓач (40-29).
За разлика од белорусите, ракометарите на Металург одиграа два натпревари против Вардар (минимално поразени 24:25) и против актуелниот шампион Веспрем (пораз од 20:23). Два натпревари кои се ветувачки дека денес младите ракометари ќе излезат на терен и ќе одиграа еден квалитетен натпревар, па зошто и да не ги освојат првите бодови и бидат првото изненадување оваа сезона.
Напреварот ќе се одигра од 17:40 часот во СЦ „Борис Трајковски, со директен пренос на МРТ.