Ракометарите на Металург вечерва од 20:30 часот, ќе играат против Нексе во рамките од СЕХА лига. За македонскиот вицепрвак ова ќе биде 5-ти натпревар во СЕХА лигата, во кој против хрватскиот тим ќе атакува за втора победа сезонава. Ист скор една победа и три порази досега има и составот на Нексе кој е на 8-то место на табелата.
Натпревар кој се очекува да биде крајно неизвесен, во кој ракометарите на Металург се очекува да одиграат уште една добра партија и да покажат дека последните два натпревари не беа само момент на среќа.
Во пресрет на вечерашниот натпревар, Лино Червар изјави:
„По дуелот во ЛШ, следен противник ни е Нексе. Нексе не ни е непознат состав, иако сега имаат комбиниран состав од младост и искуство. Мора да признаеме дека се тие квалитетен тим кој веќе неколку години во СЕХА лигата бележи одлични резултати. Ние ќе дадеме се од себе за добар резултат, а шанса ќе имаат сите мои ракометари. Нивната контра ќе биде сегмент на кој најмногу ќе треба да го ставиме акцентот“
Летово Металург со хрватите летово одигра контролен натпревар во претсезонскиот дел, во кој загуби. Тренерот на Нексе, очекува дека и вечерва ќе им појде од рака и дека ќе ја повторат истата игра од турнирот во Кањижа.
„Ние против Металург одигравме на турнирот во Кањижа ова лето, но треба да заборавиме на тој натпреварот. Во меѓувреме Металург се засили со три одлични, клучни играчи. Тие ја отворија сезоната со три големи натпревари против врвни клубови, а победија и против Татран Прешов. Исто така, пред неколку дена, тие ја започнаа ЛШ со победа. Имаме зацртани наши цели во Скопје кои сакаме да ги оствариме до крај“ – изјави тренерот Зденко Корди.
Натпреварот ќе се одигра од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, со директен пренос на МРТ.