Ракометарите на Металург се враќаат со победа од Охрид, каде во еден квалитетен и изедначен натпревар минимално славеа со 19:21.
Натпревар кој во првото полувреме беше неизвесен, на 2 пати „плаво-белите“ се одвоија резултатски со по 3-4 гола разлика. Но, ракометарите на РК Охрид два пати се враќаа во игра, така да на полувреме заминаа со резултат 10:11.
Во второто полувреме се продолжи со игра гол за гол, до 40-та минута, каде резултатот на семафорот беше 15:15. За потоа ракометарите на Металург го искористат исклучувањето на Вржалица и одличните одбрани на Томовски, и се одлепат со 4 гола разлика, 16:20. По што, потоа само рутински на искуство до добија натпреварот, за конечни 19:21.
Најефикасни кај домаќините беа Јосип Кежиќ и Елдин Вражалица со по 4 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасени беа Јанко Божовиќ и Стеван Вујовиќ со по 5 постигнати погодоци.
Следен натпревар на Металург е во среда, против екипата на РК Вардар.