Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа на гостински терен, над екипата на Татран Прешов со 27:33 во рамките од последниот натпревар годинава во СЕХА лигата.
Во еден егал натпревар, каде се играше гол за гол, со мини серии на двете екипи, РК Металург успешно го заврши натпреварот. Кога беше најпотребно, во последните 10 минути од натпреварот, одиграа на високо ниво и со серијата од 4:0, беше доволно на крај да се радуваат на првата гостинска победа оваа сезона во СЕХА лигата.
Без повредените Талески и Нелоски, ракометарите на Металург покажаа една стабилна и сигурна игра во одбранта и нападот, со што заслижено се враќаат во Скопје со нови 3 бода.
Најефикасни кај Металург беа Обрадовиќ со 9 и Гиглета и Илиќ со по 6 постигнати погодоци, додека кај домаќините најефикасни беа Рабек со 7 и Бичко со 5 постигнати погодоци.
На голот на Металург блескаше Дарко Арсиќ, кој натпреварот го заврши со 15 одбрани.