Во рамките на 5-то коло на ракометниот плејоф, во Автокоманда гостуваше екипата на Струмица, големиот должник на Металург од минатото првенство. Натпревар во кој ракометарите на Металург лесно и убедливо го добија со конечни 35:14.
Уште на самиот почеток почнаа да диктираат темпо и да поведат, цврсто во одбраната и разновидно во нападот направи да „плаво-белите“ уште во првото полувреве го решат победеникот, каде заминаа со 15:7. Во второто полувреме само продолжија со истата игра и го дотолчија немоќниот струмички состав за конечни 35:14.
На голот на Металург блескаа двата голмани: Дупјачанец (14 одбрани), Томовски (7 одбрани).
Најефикасни на натпреварот беа Пелевски со 7 погодоци кај домаќинот, додека кај гостите Мајиќ со истотака 7 постигнати погодоци.