Ракометарите на Металург со убедлив пораз ја стартуваа новата година во регионалната СЕХА лига, од екипата на Веспрем со резултат 33:21.
Металург имаше сила само да се спротистави во првите 10 минути, кога на семофарот резултатот беше 3:3. За веднаш потоа ракометарите на Веспрем постигнат 6 погодоци и одлепат резултатски и покажат дека нема што тука да бара екипата на Металург. За во следните 20 минути, ракометарите на Металург постигнат дури 4 погодоци. По што, може слободно да се прогласи за најлошо полувреме до сега на Металург оваа сезона, бидејќи постигнаа дури 7 погодоци (15:7).
Во второто полувреме „плаво-белите“ одиграа повторно само 10 добри минути, каде се доближија на само 4 погодоци разлика, 19:14. За потоа повторно следуваше пад во играта, кој Веспрем го искористи со крајот на натпреварот безмилосрдно да ја полни мрежата на Металург. Премногу технички грешки и промашувања, доведоа до тоа да Веспрем рутинирано дојде до победа и нови бодови на своето конто во СЕХА лигата.
Најефикасни на натпреварот беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со 5 постигнати погодоци, додека кај домаќините најефикасни беа Гајиќ и Сулиќ со по 6 постигнати погодоци. На голот Арсиќ забележа 7 одбрани во првиот дел, додека во вториот дел бранеше Томовски, кој забележа две интервенции. За разлика кај домаќните, на голот Алиловиќ забележа 14 одбрани.
Следниот натпревар на Металург е во среда (8 фебруари) во Скопје, каде во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го пречека ППД Загреб.