Металург во Прешов ја завршува европската турнеја

металург-тајм-аут

Ракометарите на Металург денеска во 19:30 часот му гостуваат на Татран Прешов во рамките од последниот настап во Лигата на шампионите за оваа сезона. Натпреварување во кое оваа година „плаво-белите“ забележаа само една минимална победа против Чеховски Медведи и по 9 одиграни натпревар во ЛШ, се наоѓаат на дното на табелата.

Гостување кое следи после тешкиот натпревар во Нови Сад против екипата на Војводина во рамките на СЕХА лигата, каде двајца ракометари се стекнаа со незгодни повреди.

“Не знам како ќе ја кренам екипата по натпреварот со Војводина, во кој играчите практично беа претепани. Имавме двајца ракометари со скршен нос, пукната аркада, а на лицето на Александар Шпенде има исеченица од 10 сантиметри. Во ваква ситуација многу ми е тешко да размислувам за денешниот меч со Татран во Лигата на шампионите. Се надевам дека играчите ќе успеат барем малку да се регенерираат и одморат и дека ќе најдат сила и мотив да одиграат добар натпревар во последниот меч од Лигата на шампионите сезонава“ – изјави Данило Брестовац.

Останува ракометарите на Металург да одиграат за чест и да пробаат да ја совладаат екипата на Татран Прешов, која веќе еднаш ја совладаа во СЕХА лигата.

Додека ракометарите на Татран Прешов со победа на денешниот натпревар и победа на Спортинг против Силкерборг, ќе обезбедат продолжен престој во Лигата на шампионите. Што за словачкиот шампион тоа би било втор пат да ја помине групната фаза во ЛШ, по нивното прво учество во сезоната 2004/2005.

АКЦИЈА
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет