Ракометарите на Металург, денес го играат последниот меч сезонава во ЛШ. Противник е норвешката екипа Елверум, во натпревар во кој двете екипи ќе се борат да го избегнат дното на табелата. Првиот меѓусебен дуел се одигра во Скопје, во рамките на 3-то коло и го доби Металург со 22-19, па сега домаќините ќе бидат желни за реванш.

Металург во овој натпревар, како и во сите претходни, фаворитската улога му ја префрла на противникот. Сепак, тоа не значи дека македонскиот претставник ќе се предаде. Напротив, целта е да се продолжи со се подобрите игри и ракометарите, како и екипата во целина, да продолжат со напредокот. Вреди да се напомене дека поради болест, екипата на Металург од клупата нема да ја води Лино Червар, туку неговиот помошник, Александар Јовиќ.

Денес Металург треба да одигра борбено и квалитетно. Иако без резултатско значење, на вакви дуели екипата мора да се бори за својот углед и реноме. Натпреварот е со почеток во 15:15, со директен пренос на МРТ1.