Француската екипа, Шартр е освојувач на 44-от интернационален тредиционален ракометан турнир „Струга-2016“, откако во финалниот натпревар по изведување на пенали, го совлада македонскиот вицепрвак Металург со 26-23 (22-22, 14-8).
Натпревар во кои гледавме две сосем различни полувремиња. Во првото полувреме французите одиграа одлично, наметаа офанзино темпо на игра, со кои стигнаа до убедлива преност на полувремето 14:8. „Плаво-белите“ делуваа изгубено, не очекуваа ваков лош почеток, лошо одиграа во одбраната. Додека во нападот се мачеа да постигнат погодок, се одеше преку Филип Талески, кој одигра одличен натпревар!
Во второто полувреме сосема спротивното, видовме сосем различни ракометарите на Металург … го започнаа натпреварот поборбено, помотивирано и желни да победа. Ја зацврстија одбраната благодарение на Нелоски и Кузмановски кои беа вистински лидери, додека во нападот Талески и Велковски одиграа одлично, со што резултираше топење на предноста на противникот и изедначување. Металурзите го имаа и последниот напад за победа, но во 6-те секунди не успеаа да постигнат гол, иако Талески проба да упати удар, кој заврши во францускиот блок.
Следуваше пенал рулет, во кој искуството си го направи своето. Голманот на Шартр, Граховац ги одбрани првите два удари на Марчец и Талески, со што следните два беа изведени рутински, за радост на французите.
Натпревар во кој младите ракометари на Металург, покажаа дека имаат квалитет и дека со многу работа за некоја година ќе бидат на врвот!
Најефикасни на натпреварот беа Филип Талески со 8 и Филип Кузмановски со по 4 постигнати погодоци, додека кај победникот беше Мулин со 5 постигнати погодоци.
– Најдобар стрелец: Филип Талески (Металург) со 21 постигнат погодок.
– Најдобар голман: Небојша Граховац (Шартр).
– Најкорисен играч (МВП): Маркис Ерстронг (Алингсас).
Генерален пласман на ракометен турнир „Струга-2016“:
- Шартр (Франција)
- Металург (Македонија)
- Алингсас (Шведска)
- Стеауа (Романија)
- Еурофарм Работник (Македонија)
- Пелистер (Македонија)