Денес на официјалниот сајт беше презентирано новото засилување на „плаво-белите“, словенецот Давид Шпилер кој ќе го носи бројот 13, кој пред неколку месеци беше повлечен во чест на Филип Миркуловски.
Големо изненадување на фановите на Металург, како и за сите љубители на ракометот кои веднаш почнаа да реагираат на таа одлука. Не остана покус и самиот Миркулоски кој на својот фејбук профил, реагираше дрско објавувајќи статус
„Ја дадоа 13-ката, сега се на ред изгледа парите да ни ги дадат“ додавајќи ги имињата на македонските репрезентативци Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Ацо Јоноски.
Зошто раководството си игра вака со своите фанови и играчи останува мистерија?
Претседателот на Металург, Левче Китевски очигледно ги заборави своите ракометари кои го издигнаа Металург на високо ниво во европскиот ракомет, па продолжува со неговите непромислени потези во Автокоманда.