Доаѓаат добри вести од Франција, македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски ги надминал проблемите со повредата на грбот, здобиена при незгодниот пад на теренот на натпреварот против Словенија.
Тој вчера тренирал со екипата, но сеуште е прашалник дали ќе настапи вечерва против Шпанија. За разлика против Исланд, Миркуловски изјави дека ќе биде 100% спремен да помогне за тој натпревар.
„Како што реков и по мечот, стануваше збор за незгоден пад. Денеска се чувствувам многу подобро, прегледите покажаа дека не станува збор за ништо сериозно. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играм утре против Шпанија, но 100% ќе бидам во тимот против Исланд. Тоа е најважниот меч за нас, дуел што може да ни го донесе третото место на табелата и избегнување на Франција. Во спортот не се прават калкулации, ние ќе сториме се и против Шпанците, но јасно е дека приоритет ќе ни биде пресметката со Исланѓаните“ – изјави Миркуловски.