По поразот на нашата репрезентација од Норвешка, македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски изјави дека ќе продолжи да игра додека го служи здравјето.

„Кога највеќе сакаш доаѓаат повредите, таков е спортот. Сакав да помогнам, но не бев во состојба. Момците покажаа дека имаат квалитет, без секој се може, игравме одлично во првото полувреме, не ги искористивме нашите шанси, пропуштивме да водиме на полувремето, ако го направевме тоа мислам дека ќе беше друго. Во вториот дел следуваше пад и се случи тоа што се случи. Останувам во репрезентацијата, штом веќе се вратив, не се вратив само за ова првенство, ќе продолжам и понатаму да играме, се додека ме служи здравјето, па ќе видиме“
– изјави Филип Миркуловски.