Македонската репрезентација со ремито (27:27) против Србија, се пласира во следната фаза од натпреварувањето. Централниот играч на Македонија, Филип Миркуловски истакна дека тешко е да се одигра цел натпревар гол за гол, но сепак на крајот искуството пресудило.
“Одигравме потежок натпревар од претходните 2, но навистина е тешко да играте цел натпревар гол за гол, не е лесно, но психолошки беше многу тешко. Влеговме во грч на овој натпревар, бевме со тешки нозе, но сепак на крај пресуди искуството и добриот напад. Ние сме репрезентација што можеме секој да го добиеме, но и од секој да изгубиме, треба и понатака да останеме мирни со ладни глави, треба да одиме натпревар по натпревар и да оствариме најдобар пласман до сега” – изјави Миркуловски, кој постигна 3 погодоци на овој натпревар.
Фото:www.pol2016.ehf-euro.com