Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски не го започна натпреварот, поради повредата на скочниот зглог која го мачеше овие денови. Но, по лошиот старт на натпреварот, Миркуловски беше принуден да влезе во игра!
Миркуловски повторно издржа бројни жестоки стартови на противниците, постигна 4 погодоци од исто толку обиди и сигурно беше еден од најзаслужните за оваа голема победа.
„Пред се голема благодарност до физиотерапевтите кои направија чудо оспособувајќи ме за настап. Секогаш сум велел дека кога ќе сторам се за да играм за Македонија, тоа го направив и денеска, пресреќен сум за големиот триумф. Пред првенството велевме дека дуелот со Германија може да решава за првото место во групата, се случува токму тоа, па сега дополнително мотивирани ќе влеземе во пресметката со европските шампиони. Едно е сигурно, нема да тактизираме за евентуално да одморам за да бидам максимално подготвен за вториот круг. Ќе дадам се од себе да играм и кога ќе излезам на терен ќе оставам срце на терен како и секогаш. Овој меч е премногу важен за да тактизираме, замислете да ја победиме Германија и да пренесеме четири бода во следниот круг“ – изјави Миркуловски.