Повратникот во репрезентацијата, Филип Миркуловски одигра одличен натпревар за Вецлар на гостувањето кај Минден, во рамките од Бундес-лигата.

Миркуловски беше еден од најслужните за победата на својата екипа од 27:25, каде постигна 5 погодоци од исто толку обиди. Со што само уште еднаш потврди дека неговата форма е одлична, во пресрет на Светското првенство во Франција.

Вецлар по одиграни 17 кола има 9 победи и 9 порази, доволно за пласман на 8-то место на табелата.