Ракометарките на Вардар Јуниор викендов ја играат реванш средбата од четвртфиналето во натпреварувањето во Челинџ Купот против украинската екипа на Карпати. Во првиот натпревар што се одигра во Скопје во СЦ ,,Јане Сандански“, екипата на Вардар Јуниор беше подобра и ја совлада екипат ана Карпати со 3 голови предност 22:19.
Доколку екипата на Вардар Јуниор успее да остане непоразен или пак поразен со помалку од 3 голови разлика ќе се пласира во полуфиналето на натпреварувањето во Челинџ Купот. Во пресрет на овој натпревар, ракометарката на Вардар Јуниор, Стефанија Мишевска со своја изјава:
,, Победа како победа ни значи, но ние ќе одиме таму како ништо да не било, како да почнуваме од нула. Тука не одигравме ни 50 отсто од тоа што можеме, значи таму сакаме да влеземе со 100 проценти од силите. Ќе ги анализираме грешките, имавме многу во нападот и ќе го коригираме тоа што треба во одбраната. Нема да ни биде проблем тоа, спремни сме и психолошки и мислам дека гостинскиот терен нема да ни биде пречка. Имаме самодоверба и сигурни сме во своите можности“ – истакна Мишевска.
Овој натпревар е закажан за во недела со почеток во 16 часот.