Поранешниот репрзентативец на Македонија, Мите Стоилов е нов член на ракометниот клуб Тинекс Пролет, откако го раскина договорот со екипата на Работнички поради финансиски проблеми. Искусниот ракометар со овој клуб потпиша до крајот на актуелната сезона, но со можност за уште една година  – за продолжување на договорот.

Во овој момент, пред почетокот на пролетната сезона екипата на Пролет се наоѓа на 8-то место на табелата.