Нашиот репезентативен голман, Никола Митревски имаше одлична партија против грчкиот Филипос, каде во првиот натпревар против грчката екипа забележа неверојатни 25 одбрани и ја однесе Бенфика до првата победа со резултат од 34:14.
Ова не е никаква случајност, бидејки нашиот голман има одлични настапи и во првенството на Португалија, каде редовно ги кити насловните страници на тамошните спортски магазини со неговите настапи.
Во вториот натпревар(реваншот) Митреевски не доби голема минутажа и екипата на Бенфика можеше да си дозволи мал луксуз после оние плус 20 и овој натпревар го загубија со резултат од 26:23. Но, крајот го краси делото, па така играчите на Бенфика се радуваа на крајот и го обезбедија пласманот во Tоп-8 од ова натпреварување.
Сега уште преостануваат реваншите на останатите екипи и ждрепката во која со сигурност ќе се најдат екипите на Дукља, Филинген, Брага.
За нешто повеќе околу Бенфика и Никола Митревски ќе прочитате во текот на неделата во интервјуто со нашиот репрезентативец.
Автор на текстот е Томислав Угриновски.