Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски имаше одлична партија на натпреварот со Словенија, каде забележа 9 одбрани за само 30 минути игра. Одбрани кои беа клучни за пресвртот на резултатот и големата победа!
Искусниот голман внимателен пред вечерашниот натпревар, потенцирајќи дека црногорците не го дале својот максимум против Германија, туку дека се чувале за денешниот натпревар.
„Имавме доволно време и да се подготвиме и да се одмориме. Мечот со Словенија го оставивме зад нас, нема што да се слави, Црна Гора е веќе пред нас. Се надевам дека ќе се претставиме во исто, ако не и во подобро светло против неа. Поразот од Германија не е вистинското лице на Црна Гора. Според мене тие се одлична репрезентација, со добри бекови шутери. Имаат пех што не игра Вуко Борозан, но и тие што се тука се доволно добри. Мислам дека против нас ќе дадат многу повеќе отколку со Германија, затоа мора и ние да бидеме подобри отколку со Словенија“ – изјави Митревски.