Македонскиот репрезентативец, Никола Mитревски ќе игра во финалето на Челинџ купот. Митревски со својот клуб Бенфика, пласманот во завршницата го обезбеди со двете победи во полуфиналето против норвешккиот Филинген. Најпрво на домашен терен, каде убедливо славеше со 35:22, а потоа во реваншот само го потврди пласманот со минимални 27:29.

Никола Митревски натпреварите ги следеше од клупата, поради заработената повреда од настапот со македонската репрезентација на олимписките квалификации во Гдањск. Повреда која се очекува да ја надмине Митревски и да биде подготвен да застане на голот во двете финалиња што им престојат ( во португалскиот плејоф и во Челинџ купот).

Бенфика во финалето на Челинџ купот го чека победникот од дуелот меѓу АБЦ Брага и Дукла Прага.