Македонската младинска машка репрезентација попладнево против Холандија го игра последниот решавачки натпревар од рамките на првата групна фаза на ЕП во Данска.
Натпревар во кој само победа од 4 гола разлика, ќе ги задржи шансите за пласман во четвртфиналето. Но, тоа е само првиот од двата услови кои требаа даа се исполнат. Вториот е во натпреварот помеѓу Данска и Норвешка, домаќините да остварат победа ..
Ти се калкулациите, но нашите ракометари не треба да ги засега тоа. Тие треба да ја оправдаат довербата на љубителите на македонскиот ракомет, кои гледаат светла иднина во нив. Да заборават на претходните два натпревари, да се сконцентрираат на денешниот и да ја забележат својата прва победа и да покажат дека не залудно им се верува!
Натпреварот започнува од 18:00 часот, додека натпреварот помеѓу Данска и Норвешка започнува од 20:00 часот.