Младинската репрезентација на Македонија утре против Норвешка го започнува настапот на ЕП во Данска за ракометари до 20 години. Младите репрезентативци денеска пристигнаа во Колдинг и го одработеа последниот тренинг пред стартот на шампионатот.
Македонските надежи прикажаа одлична игра во подготвителниот период, напрво во Рогла, Словенија, а потоа во Умаг, Хрватска, од каде отпатуваа денеска. Во овој дел од подготовките младинците одиграа по два контролни натпревари со селекциите на Словенија и на Хрватска и забележаа една победа, едно реми и два порази.
Ракометари од кои се очекува да го покажат својот квалитет и полека да се наметнат за место во сениорската репрезентација. Каде се очекува во следниот период да има смена на генерации …
Нашата репрезентација е во група со Норвешка, Данска и со Холандија. Пласман во втората фаза на шампионатот обезбедуваат првите две селекции од групата.
Натпреварот ќе се одигра утре (четврток) од 17:45 часот! #СоСрцеЗаМакедонија
Среќно момци!