Женската младинска репрезентација денес ги започна подготовките за квалификациите за СП 2016.Овие квалификации, нашата репрезентација ќе ги одигра во Париз од 18.03 – 20.03.2016 година, а наши противници се селекциите на Словенија, Израел и домаќинот Франција. Овие подготовки кои ќе траат 2 дена ќе се одржуваат во СЦ ,,Јане Сандански“. Селекторот Симовски овој пат нема да може да смета на Ангела Тодоровска, која заради повреда на коленото не е во можност да настапи.
Селекторот Симовски го објави поширокиот список на повикани ракометарки за овие квалификации:
ГОЛМАНИ:
1. Драгана Петковска – ЖРК Вардар
2. Матеа Серафимова – ЖРК Металург
3. Нина Ладева – ЖРК Вардар Јуниор
КРИЛА:
4. Сара Ристовска – ЖРК Вардар
5. Сара Митова – ЖРК Вардар ЈУниор
6. Наташа Нолевска – ЖРК Вардар Јуниор
7. Ангела Петровска – ЖРК Вардар Јуниор
8. Ивана Ѓорѓиоска – ЖРК Жито Прилеп
9. Елена Петковска – ЖРК Металург
БЕКОВИ:
10. Симона Стојановска – ЖРК Вардар Јуниор
11. Теодора Керамичиева – ЖРК Вардар Јуниор
12. Стефанија Мишевска – ЖРК Вардар Јуниор
13. Леонида Гичевска – ЖРК Вардар Јуниор
14. Ангела Тодоровска – ЖРК Вардар Јуниор
15. Маја Каранфиловска – ЖРК Металург
ПИКЕРИ:
16. Николина Бојаџиска – ЖРК Вардар Јуниор
17. Теодора Ципушева – ЖРК Пелистер
18. Сања Дабевска – ЖРК Металург
19. Сара Цаневска – ЖРК Металург
20. Зорица Михајлова – Малага, Шпанија