Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов го потврди новиот селектор на нашата машка сениорска репрезентација, Лино Червар. Се потпиша четиригодишен договор, во кој Червар ќе има задача да кординира и со сите селекции од најмладата до сениорската.
„Чест и задоволство да го потврдам она што УО на РФМ го изгласа, Лино Червар да биде селектор на машката ракометна репрезентација.Червар е олимписки и светски првак, човек кој веќе придонесе за развој на македонскиот селектор. Договорот е на четири години, но опфаќа и координација на сите селекции од најмладата до сениорската. Целите се дефинирани. Треба да се најдат сили да се игра на сите големи натпреварувања каде што играат А селеции и тие пласмани да се подобруваат. Да се направи компилација на играчи од младите селекции кои треба да се вклопат во А селекцијата. Да ги вклучиме што повеќе деца и што повеќе спортски работници, со што настапите на големите натпреварувања би биле реалност“ – изјави Мукаетов.