Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов е голем оптимист, верувајќи во нашите ракометари и порачувајќи дека не треба да се врши притисок врз ракометарите бркајќи конкретен пласман.
Мукаетов се надева дека повторно ќе одиграа на едно високо ниво и ќе ги израдуваат македонските фанови.
„Пред се јас сум убеден дека момците ќе дадат се од себе, мислам дека имаме една одлична комбинација од младост и искуство и на стручен штаб кој е додадена вредност. Јас сум оптимист и се надевам дека ќе направиме резултат од кој сите ќе бидеме горди. Мислам дека нема потреба од дополнителен притисок со бркање на конкретен пласман. Одиме да играме, да дадеме максимум, а јас сум убеден дека ќе дојдеме до добри резултати, особено поради фактот дека ќе имаме и огромна поддршка од трибините“ – изјави Живко Мукаетов.