Ден кој сите љубители на ракометот во Македонија ќе го памтат засекогаш е денешниот, 19 МАЈ ! ! !
Ден кога пред точно 16 години екипата на Кометал Ѓорче ја покори Европа! Кога во реванш натпреварот од финалната пресметка, во преполната сала „Кале”, ракометарките на Кометал го совладаа Херц со 26:22, и со вкупни 51:49 го освоија најелитното клупско ракометно првенство за жени.
Ракометарките Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Наталија Тодоровска, Валентина Радуловиќ, Адријана Будимир, Милена Велкова и ред други, го оставија срцето на теренот, и си го зацементираа своето место во македонската ракометна историја, и во срцето на секој вистински Македонец.
2 000 горди Македонци во Кале и уште најмалку 30 илјади на плоштадот. По поразот во Унгарија од два разлика, сите очекуваа на реваншот во Скопје, Кометал да ја освои шампионската титула. Така и беше. 25-22 на 10 секунди до крајот, сите ја слават европска круна, кога со прекрасениот “цепелин”, Индира Кастратовиќ и Будимир, ја крунисаа таа прекрасна вечер, за конечни 26-22, и целосен делириум во цела Македонија.
Како што добро знаете за жал оваа екипа згасна, откако Трифун Костовски се повлече од функцијата главен спонзор.
Денес, можеме само да се сеќаваме и со гордост да кажуваме дека, тука во нашето Скопје, пред 16 години, се славеше титулата европски ракометен шампион и да се надеваме дека наскоро ќе се радуваме повторно на освоена титула.
Откако силниот ЖРК Вардар во својот 5-ти пат не успеа годинава да ја освои Лигата на шампиони, шансите до ваков успех за некоја друга женска екипа се многу мали во блиска иднина.
Мало потсетување од натпреварот пред точно 16 години …