Денес започнува новото коло од ВИП Супер лигата. За денес се предвидени 3 натпревари. Најнапред во 18 часот ќе се сретнат РК Вардар Јуниор и РК Радовиш, а час подоцна РК Охрид и РК Металург 2, како и РК Прилеп и ГРК Борец. Екипите на РК Металург и РК Тинекс Пролет, своите натпревари во ВИП Супер лигата ќе ги одиграат во текот на наредната недела заради обврските што ги имаат и двете екипи во Европските натпреварувања.

  • РК Вардар Јуниор – РК Радовиш

РК Вардар Јуниор е домаќин на овој натпревар и ја пречекува екипата на РК Радовиш. По двата порази во низа, денес вардарци ќе се обидат да ја прекинат лошата низа и со тоа да дојдат до нова победа. На спротивната страна пак е екипата на РК Радовиш, која е во иста положба како и Вардар Јуниор. Радовишани со победа на овој натпревар би го заземале 5-тото место на табелата и би го оставиле зад себе тимот на Вардар Јуниор. Овој натпревар е закажан за денес со почеток во 18 часот, а ќе ае одигра во СЦ ,,Јане Сандански”.

  • РК Охрид – РК Металург 2

Во Охрид вечерва ќе се одигра натпреварот помеѓу екипите на РК Охрид и РК Металург 2. По победата над РК Работнички овој пат РК Охрид ја пречекува младата екипа на РК Металург 2, која несреќно во минатото коло не успеа да дојде до својата прва победа оваа сезона. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 19 часот, а ќе се одигра во спортската сала ,,Билјанини Извори” во Охрид.

  • РК Прилеп – ГРК Борец

Овој натпревар, помеѓу овие две екипи е закажан за денес со почеток во 19 часот. Домаќин на оваа средба е РК Прилеп. Екипата на РК Прилеп се наоѓа на 4-тото место на табелата, па со победа би се искачила место погоре и со тоа ги зголемува ш
ансите за сигурна завршница во плејофот. Екипата на ГРК Борец пак се наоѓа на предпоследното место со 7 порази во досегашниот дел од првенството. Со победа на овој натпревар ГРК Борец би се нашол на 7-то место на табелата.

Директни преноси од овие натпревари можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија