Со натпреварот кој се одигра помеѓу екипите на Вардар и Работнички започна второто коло од плејоф фазата. Екипата на Вардар дојде до својата втора победа, а екипата на Работнички до својот втор пораз.
Натпреварите од ова второ коло продолжуваат веќе утре, а на програмата се два натпревари. Најнапред, екипата на Металург на домашен терен во Автокоманда ќе ја пречека екипата на РК Охрид. Овој натпревар започнува во 18 часот, а влезот за сите љубители на ракометот е слободен. Во 20 часот во Струмица започнува и вториот натпревар во кој екипата на Макс Струмица ќе се сретне со екипата на РК Прилеп.
Во овој момент екипата на Вардар е на првото место со 6 бода, РК Металург е втор со 3, но со еден натпревар помалку, додека трета е екипата на Макс Струмица со 3 бода, но со исто така еден натпревар помалку во однос на екипата на Вардар.