Голманот на Македонската женска репрезентација, Наташа Антиќ својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Скара ХФ од Шведска, со која потпишаа едногодишен договор.
Антиќ во својата интернационална кариера има играно за тимовите на Дунареа Браила (Романија) и Јувента Михаловце (Словачка). Претходно стоеше на голот на ЖРК Металург во неколку сезони, а неколку сезони е и репрезентативка на Македонија.
„Се надевам дека брзо ќе се вклопам во новиот клуб и дека ќе помогнам тимот да дојде до планираните резултати. Досега имам играно во Малме и Истад и имам убави спомени од моите настапи со репрезентацијата во овие места. Ќе работам напорно за да стигнеме до добри резултати и ќе се потрудам да го исполнам сето она што ќе се очекува од мене“ – изјави Антиќ за клупскиот сајт.