Долгогодишниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски, се враќа во својот матичен клуб РК Струга, но во нова улога како претседател и главен спонзор на клубот.

Мојсовски вети дека со помош на уште неколку негови блиски луѓе и сите љубители на ракометот во Струга дека ќе ја врати РК Струга не само во суперлигата туку и во самиот врв на Македонскиот ракомет. Мојсовски на оваа функција доаѓа на местото на досегашниот претседател Сашо Србиноски кој му посака на Наумче успешна работа и да биде успешен претседател каков што беше и како ракометар

МакРакомет му посакува многу среќа и успех!