Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак викендов одигра одличен натпревар во составот на турскиот Бешикташ. Во рамките од првиот натпревар од полуфиналната серија во плејофот во турското првенстви, Прибак на натпреварот против Амасја постигна 8 погодоци.
Беше прв стрелец во својата екипа, со што беше најзаслужен за гостинската победа над Амајса со 27:33 (14:18). Реванш натпреварот ќе се одигра утре (17-ти Мај), каде дотолку Бешикташ ја повтори својата игра ќе игра во финалето против подобриот од другиот полуфинален натпревар помеѓу екипите на Трабзонспорт и Анкараспор.
Формата на нашиот репрезентативец радува, бидејќи за неполн месец ќе се одигра бараж натпреварот против Чешка, за пласман на СП во Франција.