Македонскиот репрезентативец, Немања Прибак одигра феноменална сезона во дресот на Бешикташ. По што една од причините беше продолжување на неговиот договор за нови две години, со опција истиот да може да биде продолжен за уште две сезони.
Прибак како и претходно во нашето интервју изјави дека многу му е важно семејството, сега само го потврди тоа дека семејството му е приоритет во животот. Па тоа што тие заедно се многу среќни таму и одличните услови на клубот, Прибак изјави дека планира да ја заврши кариерата во Бешикташ.
„Јас и моето семејство сме многу среќни тука. Ова е одличен тим за работа, верувам дека можеме да направиме уште многу повеќе. Јас сум горд што сум дел од семејството на Бешикташ. Сум играл во големи клубови во мојата кариера, сум бил успешен, но мислам дека најдобрите мои игри беа во Бешикташ. Мојата фамилија е среќна тука, а тоа е најважно за мене. Планирам да ја завршам кариерата во Бешикташ“ – изјави Прибак.
За потсетување, Прибак има настапувано во Вардар, Нант, Колубара, Тримо Трбње и Југометал Железничар.
МакРакомет му посакува многу среќа и уште поуспешна сезона!