Утре, нашите ракометари го играат последниот дуел од групната прва фаза на ЕП во Полска. По несреќните два порази на нашата репрезентација, утре ја имаме последната шанса за продолжување во вториот круг. Во пресрет на утрешниот натпревар кој е од огромно значење и за двете репрезентации кои во меѓусебен дуел одлучуваат кој ќе ги продолжи натпреварите во следната фаза, ракометарот на српската репрезентација, одличниот Ненадиќ ги искажа своите очекувања и го изјави следното:
,, Последниот натпревар решава е, но мислам дека Македонија е благ фаворит, бидејќи има повеќе играчи и има одиграно повеќе вакви натпревари. Ние имаме некоја младост и енергија која мраме да јанасочиме на вистинскиот начин за да извечеме позитивен резултат. Кирил Лазаров е мозокот на екипата, а исто така и голманот е одличен. Ние имаме на наша страна младост и енергија која треба даја канализираме на вистински начин за да обезбедиме позитивен резултат. На крајот победникот ќе го одлучи онаа екипа која ќе биде психички поподготвена.“
Овој натпревар е закажан со почеток во 18:15 часот.