Денес од 18:00 часот нашата репрезентација ќе го отвори ЕП во Полска против репрезентацијата на Франција. Во пресрет на тој натпревар разговаравме со Никола Маркоски околу атмосферата во тимот и неговите очекувања од трите натпревари.

„Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Се спремаме веќе подолго време. За денешниот натпревар можам да кажам дека очекувам добра игра и борба како во одбраната така и во нападот. Секој треба да го даде својот максимум. За нашите противници можам да кажам дека се добри и дека на сите 3 натпревари ќе биде тешко. Но, се надевам дека ќе се пласираме во вториот круг.“– Никола Маркоски.