Македонската репрезентација загуби од Исланд со резултат 22:24, пораз за освојување на 4-тото место во групата и прекин на континуитетот од пласмани во втората рунда од европските и светските шампионати.
Нашите ракометари сепак не беа доволно спремни да изиграат максимално 60 минути, по што во еден егал натпревар со одлични одбрани на двете страна не успеавме да дојдеме до позитивен резултат. Битката се водеше се до 50-та минута, кога се осети пад во играта на нашите ракометари, кои со последни сили пробуваа да го држат високото темпо кое беше наметнато низ целиот натпревар. Нешто што умешно го искористија ракометарите на Исланд и го свртија натпреварот во своја корист, за на крај слават голема победа и обезбедат пласман во следната фаза.
Најефикасни на натпреварот беа Дејан Манасков и Кире Лазаров со по 5 постигнати погодоци, а Ристовски беше одличен на голот. Кај Исланд најефикасен беше Гунарсон со 10 постигнати погодоци.
Следен натпревар на нашата репрезентација е во сабота од 13:00 часот против репрезентацијата на Русија, во борбата за пласман од 13-тото до 16-тото место на Мундијалот.