Петти меч во Лигата на шампиони сезонава, екипата на Металург губи во натпревар во кој резултатот можеше да биде и во нивна полза. Против екипата на Скјерн, која заедно со Мотор ќе ги продолжни натпреварите во ЛШ, Металург денес загуби минимално со 24-25.
Уште на еден натпревар сезонава Мерталург покажа дека може да се бори рамноправно со секој противник. За жал, на уште еден натпревар на Металург му фалеше искуство, концентрација, па ако саката и среќа, за да дојде до позитивен резултат. Во поголемиот дел од првото полувреме следевме рамноправен меч. Се до 22-та минута гледавме егал натпревар, кога при 9-9, Металург влегува во серија грешки, а тоа брзите гости знаеа да го искористат. За 3 минути, со 4 контранапади по техничките грешки на Металург, Скјерн поведе со 13-9. Сепак Металург не се предаде и со головите на Бувиниќ и Матиќ, со резултат 13-11 се замина на полувремето.
Второто полувреме започна со серија од 4-0 за гостите од Данска, за водство на Скјерн од 17-11 во 35-та минута. Но Металург повторно покажа карактер. Не се предаде и успеа да се врати во игра (17-18 во 43-та минута од мечот). Она што особено радува што пресвртот се случи на крилата на Кузмановски и Талески кои ја преземаа одговорноста во свои раце и заедно со Божовиќ беа навистина убоити. Откако Металург не успеа да искористи три напади да дојдат до нерешено, шансата конечно ја искористи Кузмановски во 58-та минута за 23-23. Сепак до крајот не дојде до напад за водство. Постојано го бркаше водството на Скјерн и на крај, за жал не успеа.
Најпрецизен кај Металург беше Јанко Божовиќ со 8 гола, а одличен настап имаа Кузманопвски (3/3), Талески (3/7) и Пешевски (3/3). Добра партија имаа и Бувиниќ и Давид Шпилер. Кај гостите, Микелсен со 6 гола од 7 обиди, и Сондергард со 4 гола беа најдобри поединци.
Нема простор за разочарување. Видлив е напредокот кај младите играчи на Металург, кои секоја минутажа ја користат до максимум, а тоа и беше основната цел за металурзите. Посветено и борбено Металург треба да го одигра и последниот меч од овогодинешната Лига на шампиони, наредниот викенд против екипата на Елверум, во директен дуел за избегнување на последното место во групата Д.