Денес продолжуваат натпреварите од завршницата во ВИП женската Супер лига. Во натпревар од второто коло од плејофот, во Автокоманда на домашен терен екипата на ЖРК Металург ја пречекува екипата на ЖРК Вардар Јуниор. Денешниот натпревар ќе биде трета пресметка помеѓу овие две екипи оваа сезона, а во претходните двa натпревари и двете екипи запишаа по една победа.

Натпреварот започнува во 16 часот и ќе се одигра во спортската сала во Автокоманда. Правдата на овој натпревар ќе ја дели судиската двојка од Скопје, Глигор и Спаско Ќаеви. За сите љубители на ракометот, влезот на овој натпревар е слободен.